Македонија уште еднаш доби поддршка од Грција за преговорите со ЕУ

Македонија и Албанија уште еднаш добија поддршка од Грција за ЕУ перспективата.

Овој пат, поддршката пристигна од портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Папајоану одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека Скопје и Тирана треба веднаш да ги започнат преговорите.

-Ние вложуваме секакви напори и им го потенцираме тоа и на нашите европски партнери и на земјите од регионот и нашата позиција е дека овие преговори за интеграција треба да започнат веднаш и дека не постои простор за дополнително доцнење. Сепак, потребно е да постои едногласна одлука од Европската Унија за почеток. Но, нашата позииција, беше е и ќе биде јасна и тоа им го кажавме на сите наши соговорници, рече Папајоану, на прашањето на МИА во однос на тоа дали по посетата на Дендиас на Северна Македонија и Албанија постои оптимиам за итен почеоток на преговори со ЕУ.