Македонија станува трета српска република, велат од ДУИ

Посетата на официјален Белград во Скопје, среде кампања, е доказ дека Македонија се лизга кон статус на „третата српска република“, реагираат од ДУИ по вчерашната посета на српскиот премиер Ѓуро Мацут, кој се сретна со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

„Во средина на една одлучувачка изборна кампања, кога албанските граѓани се соочени со историски референдум за својата иднина, премиерот од Белград со целиот владин кабинет слета во Скопје со гостопримство од Мицкоски и ВРЕДИ. Овој чин е најасен доказ дека Северна Македонија се лизга кон статус на третата српска република.

Меѓународните извештаи, вклучувајќи ги и оние на Европскиот парламент, го потенцираат опасното влијание на Српскиот свет во нашата земја. Денес тоа влијание се запечати со нови договори, продадени како економска соработка и регионална стабилност, но кои всушност претставуваат целосно заробување на државата од Белград со благослов на ВРЕДИ“, стои во реакцијата на ДУИ.

Оттаму прашуваат што се дискутирало на средбата во Влада, за што се договориле двете влади и кои друго области „ќе бидат предадени на српско влијание“.