Македонија со Украина играла петпати, само еднаш победила!

Денес фудбалската репрезентација на Македонија го игра натпреварот со Украина во квалификациите за Европското првенство 2024 година и ова ќе биде прв наш меѓусебен дуел по оној во Букурешт на Еуро 2020 кога загубивме со 2:1.

Украина е незгодна селекција за Македонија и низ годините сме сретнале на пет натпревари и во нив имаме три порази, едно реми и една победа.

Единствената победа ја забележавме во 2004 година кога дел од репрезентацијата беше сегашниот селектор на Украинците, Сергеј Ребров.

Тогаш победивме со 1:0 со голот на Горан Ставревски.

11 октомври 2003 година
Пријателски натпревар
Украина – Македонија 0:0

31 март 2004 година
Пријателски натпревар
Македонија – Украина 1:0

12 октомври 2014 година
Квалификации ЕП 2016
Украина – Македонија 1:0

9 октомври 2015 година
Квалификации ЕП 2016
Македонија – Украина 0:2

17 јуни 2021 година
Европско првенство 2020
Украина – Македонија 2:1

Нашите најдобри фудбалери во квалификацискиот циклус стартуваа со домашен триумф од 2:1 над Малта, додека Украинците беа поразени на гостувањето кај Англија со 2:0.