
Македонија со најголема невработеност во Европа, неколку соседни земји меѓу најдобрите
Новата мапа на невработеност за 2026 година покажува значителни разлики меѓу европските земји, а Македонија, со стапка од 11,4 проценти, е најлошо рангирана меѓу земјите со поизразени проблеми на пазарот на трудот, заедно со Босна и Херцеговина со 11,2 и Косово со 11 проценти. Полоша е единствено Украина која е зафатена со војна, со стапка од 12 проценти.
Македонија го држи неславното место во Европа на земја со највисока невработеност, додека неколку земји од регионот се меѓу оние со најмал процент невработени.
Новата мапа на невработеност за 2026 година покажува значителни разлики меѓу европските земји, а Македонија, со стапка од 11,4 проценти, е најлошо рангирана меѓу земјите со поизразени проблеми на пазарот на трудот, заедно со Босна и Херцеговина со 11,2 и Косово со 11 проценти. Полоша е единствено Украина која е зафатена со војна, со стапка од 12 проценти.
Од друга страна, повеќе земји од непосредното или од поблиското соседство се меѓу најдобрите на Стариот континент, како на пример Бугарија со стапка на невработеност од 3,1, Словенија со 3,9, како и Хрватска која што бележи значително пониска стапка од 4,5 проценти.
Хрватска е класифицирана во средината на европскиот опсег и меѓу поуспешните земји од Југоисточна Европа, иако сè уште заостанува зад голем број западни земји.
Разликите во Европа, но и во регионот се големи. Така Србија има стапка на невработеност од речиси девет проценти, што потврдува дека Југоисточна Европа останува една од почувствителните области кога станува збор за вработување.
На ниво на Европската унија, најниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка со околу 3,1 процент и Полска со 2,2 проценти, додека највисоки вредности се регистрирани во делови од Јужна и Источна Европа – Шпанија 9,8 проценти, Украина 12 проценти.
Ситуацијата во БиХ укажува на потребата од посилни економски и пазарни реформи со цел да се намали невработеноста и да се приближи до нивото на соседните земји.
Хрватска има релативно стабилна позиција, но разликата во споредба со поразвиените членки на ЕУ сè уште постои, пишува Дневно.хр.