Јутјуберот Стефан Лазаров објави видео на социјалните мрежи во кои ја извести македонската јавност дека се собрани средствата кои беа потребни за лекување на Кристијан Коцев во Турција.
– Парите за Кико се собрани. Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат.