Македонија повторно меѓу светска ракометна елита, Чешка падна во Скопје

Машката македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25.

Македонските ракометари предводени од капитенот / селектор Кире Лазаров и од секогаш борбениот бек Филип Миркуловски (кој вечерва го одигра последниот меч во репрезентативниот дрес), но и френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања.

Македонија обезбеди шесто учество во низа на ракометните мундијали (вкупно осмо во историјата на земјата). Македонија на почетокот на следната година ќе биде дел од Мундијалот во Полска и Шведска.

За потсетување, на првиот меч пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24.