Македонскиот борач Магомегаџи Нуров освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој синоќа по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3.
Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.
Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.