„Македонија никогаш нема да стане правна држава“: Проф. Калајџиев откако обвинителството го „помилува“ Бојан Христовски
Професорот на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев, е и резигниран и гневен откако обвинителството ја отфрли кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, и го „испра“ од сомнителниот сертификат за англиски јазик издаден во Бугарија.

Тој вели дека му е срам што живее во држава која ги лаже граѓаните во очи.
„Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи. Ова со сертификатот на директорот на АНБ е одговор на прашањето кога Македонија ќе стане правна држава наместо удбашка: НИКОГАШ!!!
Сакаме да го видиме одговорот за сертификатот на АНБ од Бугарија“, напиша Калајџиев на фејсбук.