„Македонија не се снабдува со гас од гасоводот од Украина“

Душко Арсовски – портпаролот на Владата денеска на прес конференција за исклучувањето на гасот за Европа од страна на украинските власти рече дека нема причина за загриженост во нашата држава.

„Северна Македонија не се снабдува со гас од гасоводот од Украина. Количините гас потребни за нашата држава се обезбедени. Нема простор за грижа од недостиг на гас“ – рече Арсовски.

Украина соопшти дека ќе го прекине текот на гас низ транзитна точка за која се вели дека испорачува речиси третина од горивото што доаѓа од Русија низ Украина до Европа.

Украинците за овој потег ја обвинија Русија и најавија дека ќе го пренасочат гасот од друго место.