Македонија нема да учествува на Евровизија 2023

Македонија нема да учествува на следното издание на Евровизија, најголемото музичко натпреварување во Европа.

Оваа информација за „Слободен печат“ ја потврди шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова.

Директорот на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски за „ММС“ изјави дека „најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија“.

„Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја“, изјави Цветковски за „ММС“.