Македонија на 68-то место на листата на ФИФА

Светската фудбалска асоцијација ФИФА ја објави новата ранг листа на репрезентации, најдобрата селекција на Македонија останува на истата позиција на која беше и претходното рангирање.

Црвено жолтите втор месец во низа се на 68 место на ранг листата на најдобрите селекции во светот .

Македонија со 1.350 бодови остана на истата позиција откако во изминатиот период не одигра ниту еден натпревар.

Од регионот и понатаму најдоба селекција на листата на ФИФА е Хрватска на 6 место, Србија е на 25 позиција, Словенија е 61, БиХ е 62, а Црна Гора е на 71 место.

На врвот на листата на ФИФА и понатаму е светскиот шампион Аргентина, пред вицепрвакот Франција, Бразил, Англија и Белгија. Во Топ десетте се и селекциите на Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.