Македонија и за заштита на цивилите во Газа и Израел гласаше воздржано

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за кризата во Газа, повикувајќи на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“. Резолуцијата беше предложена од Јордан, а Македонија гласаше воздржано – 120 земји беа за, 14 против и 45 воздржани. Македонија гласаше против за руската резолуција за осуда на нацизмот и неонацизмот, објавува МКД.мк.

Во резолуцијата за „заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски“ се бара сите страни „веднаш и целосно да ги почитуваат“ обврските од меѓународните закони за хуманитарни и човекови права, „особено во однос на заштитата на цивилите“. Се бара заштита на хуманитарниот персонал и да се олесни хуманитарниот пристап до основните материјали и услуги за да стигнат до сите цивили на кои им е потребна помош во Појасот Газа“.

Резолуцијата повика на укинување на наредбата на Израел, „окупаторска сила“, палестинските цивили, персоналот на ОН и хуманитарните работници да ги се евакуираат од сите области во Појасот Газа и да се преселат на југ.

Генералното собрание, исто така, повика на „итно и безусловно ослободување“ на сите цивили кои се незаконски заробени, барајќи нивна безбедност, благосостојба и хуман третман во согласност со меѓународното право.

Во Резолуцијата се вели дека праведно и трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт може да се постигне само со мирни средства, врз основа на релевантните резолуции на ОН и во согласност со меѓународното право, и врз основа на решението со две држави.

Против оваа Резолуција меѓу другите гласаа и САД, Австрија, Чешка, Израел, Унгарија… Воздржани беа и Албанија, Австралија, Германија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Украина, Велика Британија, Холандија