Македонската ракометна репрезентација на реванш баражот за пласман на СП 2025 година против Фарски Острови славеше со 34-26 и обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување.
Момците на Кире Лазаров ја надоместија негативата од 7 гола од првиот меч и со голем триумф во Скопје дојдоа до пласман на СП 2025.
Салата беше исполнета до последното место, одамна немало ваква атмосфера.
Нашите момци се претставија во вистинско светло, она бледо издание од првиот меч го немаше, се бореа за секоја топка на теренот.
Најефикасен во нашата селекција беше Жарко Пешевски со 8 гола, додека Филип Кузмановски постигна 7.
Одличен меч имаа и Марко Митев со 6 и Мартин Серафимов кој средбата ја заврши со 5 гола.
Кај селекцијата на Фарските Острови Скипаготу постигна 8 гола.