Македонија има историска шанса во Палермо, дуел со европскиот шампион Италија

Македонската фудбалска репрезентација првпат во својата историја е учесник во бараж за Светско фудбалско првенство.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот денеска од 20.45 часот ќе играат против европскиот шампион Италија, на гостински терен.

Домаќинот е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавуваат бескомпромисна борба за секоја топка на стадионот „Ренцо Барбера“.

Победникот од овој меч во финалето ќе оди на гости кај поуспешниот од пресметката Португалија – Турција.