Македонија заврши на 10.место на ЕП во Скопје
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со пораз од Унгарија (71-80) го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Скопје и ќе ја заземе десеттата позиција.
Во последниот меч од разигрувањето, нашите кадети цело време беа во негатива.
Ја бркаа, но не успеаја да го загрозат резултатот кој беше во полза на ривалот од првата до последната минута на мечот во СРЦ „Кале“.
Ѓорѓи Цветковски натпреварот го заврши со 24 поени кај Македонија, пред Григориј Ѓорѓевиќ со 20 поени, а двоцифрени беа уште Жарко Терзиевски со 12 поени и Љубен Ефтимовски со 10 поени.
Кај Унгарците прв стрелец беше Зетени Курфис со 30 поени.