Квалификациски групи за пласман на Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година беа одредени попладнево во седиштето на ЕХФ во Цирих.
Жрепката одлучи Македонија да биде во групата 5 заедно со Шпанија, Литванија и Азербејџан.
Домаќини на Европското првенство идната година ќе бидат Швајцарија, Австрија и Унгарија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро треторангирани селекции.
Евроквалификациите стартуваат во октомври оваа есен, а ќе финишираат во април идната година.