
Македонската одбојкарска репрезентација со максимални 3-0 (25-19, 25-19, 25-16) загуби од селекцијата на Холандија, на мечот настапивме без нашиот капитен и најдобар играч, Никола Ѓоргиев кој денеска се пожали на повреда.
Непријатна беше информацијата која дојде пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Холандија дека капитенот на нашата репрезентација Никола Ѓоргиев се пожалил на болки во грбот и не е во комбинација за мечот.
Холандија секако беше фаворит, а без Ѓоргиев ги загубивме сите надежи кои ги имавме. Така беше и на теренот. Македонија не успеа да освои во ниту еден сет ниту 20 поени, Холанѓаните доминираа во трите сета.
Првиот сет го добија со 25-19, идентичен резултат беше и во вториот сет, третиот го добија најубедливо, со 25-19.
Најдобар во нашиот состав беше Александар Љафтов со 14 поени.
Клучен меч за Македонија ќе биде утрешниот меч со Чешка од 20 часот. Тоа ќе биде директен дуел за избегнување на Италија, добро би било за тој натпревар да го имаме и Никола Ѓоргиев.