Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија – Кире Лазаров денеска во 14.10 часот заедно со одбраните ракометари ќе патува кон Дебрецин, на ЕП во ракомет што годинава се одржува во Унгарија и Словачка.
Нашата репрезентација ќе го стартува шампионатот без еден од најдобрите поединци, голманот Никола Митревски кој го чува феноменално голот на португалски Порто.
Митревски на последното тестирање беше позитивен на Ковид 19, а во Скопје останува уште еден од тројката голмани, младиот Марко Кизиќ.
Лазаров ќе мора да се потпре на ЕП на чуварот на мрежата на Вардар – Мартин Томовски.
Поради коронавирусот, отпаднаа и крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ, а петтиот позитивен на Ковид 19 е кондицискиот тренер – Петар Баснарков.
Голманите Благојче Трајковски (Еурофарм Пелистер 2) и Градимир Чаневски (Бутел) ќе ги заземат местата на Митревски и Кизиќ.
Македонија групната фаза на ЕП ја стартува на 13 јануари против Словенија, а потоа следат мечеви против Црна Гора (15 јануари) и Данска (17 јануари).
Ова е список на ракометари за ЕП 2022:
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор: Кирил Лазаров