За половина час игра македонските фудбалски репрезентативци попладнево ја победија селекцијата на Гибралтар со 4-0 и со тоа колку толку да се залечат раните од дебаклот со Грузија во четвртокот, во Лигата на нации на УЕФА.
Победата на Македонија можеше денеска да биде многу поубедлива, но сепак селекторот Благоја Милевски сакаше да ги одмори најискусните, а вкупно осуммина играчи месецов запишаа први настапи во „црвено-жолтиот“ дрес.
Енис Барди погоди од слободен удар за 1-0, двата следни гола во интервал од 2 минути беа дело на Бојан Миовски, а четвртиот, кој се испостави дека е решавачки погодок го постигна Чурлинов уште во 30-тата минута.
За Македонија ова е втора победа во овој јунски циклус и со 7 бода завршува на второто место на табелата пред завршните два меча кон крајот на септември, со Грузија на 23. септември на гости и со Бугарија на 26 септември дома во третата сезона во Лигата на нациите.
Во истата група, во Тбилиси домашната селекција на Грузија ремизираше без голови против Бугарија, па сега Грузијците се лидери со 10, додека „Рисовите“ се второпласирани со 7 бодови.