Во германскиот град Есен во саботата околу 2 часот по полноќ расправата меѓу двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин завршиле со физичка пресметка после која Македонецот подлегнал на повредите, јавуваат германските медиуми.
Смртните повреди биле настанати од пивско шише. Еритрејците избегале во правец на главната железничка станица. Еден од нив подоцна бил проведен.
Случаен минувач се обидел да му помогне на повредениот, но веќе било доцна. „Кратко време откако беше однесен во болница, тој починал“, изјавил портпаролот на полицијата.
Обдукцијата на жртвата откри дека причината за смртта е траума од тапа сила.
Сè уште е нејасно за што се расправале тројцата мажи.