Македонец исчезнал за време на пожарот во Швајцарија

Семејството и пријателите на младиот Стивен Ивановски упатуваат итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.

Според информациите објавени од неговите најблиски на социјалните мрежи, Стивен последен пат бил виден во кобната ноќ на пожарот.

Во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што може да се види и на фотографиите што се споделуваат во апелите.

Семејството моли сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за него, како и оние што знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават.

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик.

Семејството и пријателите се надеваат дека со помош на јавноста ќе добијат каква било информација што би помогнала во пронаоѓањето на Стивен.