
Швајцарскиот фудбалски клуб Грасхоперс го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски. Нашиот 26-годишен играч официјално потпиша договор на две години со опција истиот да биде продолжена на уште една година.
За Дебрецен во сезоната 2021/2022 во унгарскиот шампионат имаше 16 настапи и четири голови, лани запиша 30 настапи и 13 голови, а летово имаше два настапи и еден гол.
Беше дел од академијата на Реал Мадрид, потоа се пресели во Фуенлабрада, а настапуваше и за Олимпија Љубљана, Радомље, Мачида Зелвиа, Кагошима јунајтед и Ботев Враца.
Грасхоперс не ја започна најдобро новата сезона во најсилната швајцарска фудбалска лига, по пет кола е на деветтата позиција со четири бодови, седум помалку од водечкиот Цирих.
– Со Доријан очекуваме уште едно подобрување на нашите офанзивни способности. Неговите квалитети го прават идеално засилување за тимот – вели спортскиот директор на Грасхоперс, Берн Хаас.