
Рано утрово, околу 7 часот, белграѓани ги дочекала шокантна глетка на прометна улица, кога се случила страшна несреќа во која загинал маж (46).
Како што пренесуваат српските медиуми од местото на настанот, тој го загубил животот кога со своето „пежо“ удрил во столб на мостот, на аголот од улиците Милутин Миланковиќ и Јуриј Гагарин.
Како што се дознава, возачот (46) не можел да се спаси, веднаш им подлегнал на повредите.
Брзата помош можела само да констатира смрт.
Полицијата е на лице место и врши увид, а службите треба да го отстранат оштетеното возило.