Најверојатно во алкохолизирана состојба, маж удрил со автомобилот во хотел на аеродромот во Минхен по расправија со негов познаник, соопшти денеска германската полиција.
Хотелот морал да биде евакуиран утринава бидејќи постоело опасност зградата да се урне, изјави портпаролката на полицијата.
По извршениот увид било констатирано дека хотелот е безбеден.
Возачот е повреден и пренесен во болница, а нема други повредени.
Портпаролката на полицијата изјавила дека мажот најверојатно бил пијан, што ќе се потврди со вадење крв, како и дали конзумирал други недозволени супстанци.