Човек се самозапали пред судот во Њујорк каде што му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.
Мажот се наоѓал во зоната пред судот определен за протести, јавува американската ТВ мрежа NBC, партнер на Sky News.
Инцидентот се случи откако поротата беше избрана за судењето на Трамп.
Оваа недела, адвокатите во Кривичниот суд на Менхетен испрашуваа потенцијални поротници за да најдат 12 лица и шест заменици, кои ќе одлучат дали Трамп ги криел исплатите на жени кои тврделе дека имаат афери со него.