Маж на 53 години е починатиот во сообраќајката кај Неготино, со повреди се здобил 27-годишник

Педесет и тригодишен маж од неготинското село Тимјаник е починатиот во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на патот Неготино-Кавадарци.

Во несреќата во која учестуваа три патнички возила е повреден и маж на 27 годишна возраст, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Полицијата соопшти дека во сообраќајката учествувале автомобил „форд“ со неготински регистарски ознаки управувано од С.С. (53) од неготинското село Тимјаник, автомобил „опел“ со кавадаречки регистарски таблички управувано од П.Ј. (27) од Кавадарци и ,,сеат” со тетовски регистрации управувано од Р.Г. (27) од Кавадарци.

„Од местото на несреќата со возило на Итна медицинска помош во болница во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде што била констатирана смрт на С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди“, информираат од СВР Велес.

Двете лица кои биле во третото возило минале без повреди.

На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител, а телото на починатиот маж е дадено на обдукција.