Маж најден во бесознание во кругот на скопските клиники, за кратко починал

Почина маж кој вчера бил најден во бесознание во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од МВР, станува збор за 61-годишниот Ж.Ј., од селото Марена, Кавадаречко.

На мажот му била пружена лекарска помош и по кратко време починал, информираат од МВР.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид.