Маж, жена и две деца пронајдени мртви во стан во Лондон

Двајца возрасни и две деца се пронајдени мртви во стан во западен Лондон, соопшти полицијата.

Станува збор за 39-годишниот М.В., неговата 35-годишна сопруга и нивните две деца (11) и (3 години).

Тие биле пронајдени од полицијата во нивниот стан во петокот околу 15.15 часот.

Полицијата соопшти дека се обидува да ги утврди околностите околу смртта. Обдукцијата ќе биде извршена во догледно време.

Пријателите и роднините на семејството велат дека биле многу вредни и биле пример.

Шефот на полицијата Шон Вилсон изјави дека истрагата е во тек.