Во хрватскиот град Велика Горица утрово нешто по 10 часот се случило страшно злосторство.
Маж ја убил мајка си во семејниот дом, а потоа тргнал по сопругата која ја убил со пушка во продавница, јавуваат хрватските медиуми.
Откако избегал и се затворил во семејната куќа, тој се самоубил.
Граѓаните на Велика Горица останаа шокирани по застрашувачкиот злочин.
Во потполно лудило, бос и во долна облека, со пушка во рака, мажот влегол во продавницата, откако сопругата која панично бегала од него барала помош, а тој потоа ја убил и побегнал.
На терен го барале голем број полицајци. Поради ова, сообраќајот бил затворен на улицата Загребачка во правец кон Загреб, а по кратко пребарување бил лоциран во семејната куќа.
Куќата веднаш била опколена од припадници на полицијата и специјалците, а кога видел дека нема спас, убиецот решил да си го одземе животот.
При влегувањето во куќата, припадниците на полицијата пронашле уште едно тело на постара жена, која била неговата мајка.