Маж во Земун загина по експлозија на гас во неговата куќа

Еден маж загина, а една жена е тешко повредена во експлозија што рано утринава се случила во куќа на улицата Шевина во Земун.

Според првите неофицијални информации, експлозија на гас се случила во куќата каде живееле таткото и ќерката.

Како што изјавија соседите за РТС, пред два дена на улицата се изведувале градежни работи и имало оштетувања на плинските инсталации. Граѓаните се жалат дека од синоќа мириса на гас во населбата. Куќата во која се случила експлозијата целосно се урнала. Противпожарните екипи, полицијата и екипите на брзата помош се уште се на терен.

Речиси целата улица е блокирана, а компанијата „Србијагас“ превентивно го исклучи снабдувањето со гас во тој дел од населбата.

Екипа од српскиот Институт за јавно здравје излегла на терен и мерела дали има штетни материи во воздухот.