„Магијата е во знаењето“ – МОН почнува национална кампања на Светскиот ден на учителите

Министерството за образование и наука денеска, на Светскиот ден на учителите, ќе почне национална кампања „Магијата е во знаењето“, насочена кон подигање на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството.

Кампањата ќе биде отворена со панел-дискусија која од 10 часот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Скопје, каде што ќе се разговара за институционалниот пристап кон образованието, за статусот на наставниците, нивните предизвици и потреби, како и за начинот на кој општеството ги вреднува нивната посветеност и влијание.

Како што соопшти МОН, настанот ќе го отвори министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во дискусијата ќе учествува и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер, деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Билјана Камчевска, како и претставници на академската и наставничката заедница.

-Во рамки на настанот, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветните работници на Македонија ќе ги доделат и признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година, како чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници, соопшти МОН.