Магдебург е нов европски ракометен шампион

Ракометарите на Магдебург се нови европски шампиони откако во финалето на Ф4 турнирот во „Ланксес арената“ во Келн славеа во трилер натпревар по продолженија над Киелце со 30-29.

Првото полувреме донесе еден атомски ракомет во кој двата тима се менуваа во водство, а Полјаците во финишот успеаја да побегнат на два гола разлика и на пауза да заминат со позитива од 13-15.

На стартот на второто полувреме Киелце веднаш реализираше и за првпат стигна до највисоки плус три до тој момент (13-16). Волф беше непремостлива пречка за Германците, а со голот на Кунку во 35. минута Кјелце стигна и до плус четири (13-17).

По подолго време во 48. минута ракометарите на Магдебург тргнаа во напад за намалување на само еден гол разлика (20-22), но следеше прекин поради тоа што на едно лице на трибините му се слоши. По паузата Дамгарт стрелаше, а Магдебург по долго време стигна на минус еден (21-22).

Кјелце повторно грешеа во нападот, а на четири минути до крајот на мечот Магдебург поведе со 25-24. Следеше гол на Морито па во последните пет минути влеговме во егал 25-25.

Магдебург не успеа да реализира долг напад, па преку Данил Душејбаев во контра Кјелце на минута и дваесет секунди до крај поведе со 25-26, а поради лоша измена Германците останаа и со играч помалку. Дамгард израмни на 26-26, а во последните триесет секунди Кјелце тргна во напад за победа.

Алекс Дујшебаев го зема последниот шут, но не успеа да реализира, па натпреварот замина во продолженија.

Кај Смитс со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Алекс Дујшебаев постигна исто така осум погодоци.

За германскиот бундеслигаш ова е четврта титула во Лигата на шампионите, прва од 2002 година.