Лути ривали, но со ист спонзор: МЗТ и Работнички со ист спонзор

Eдни од најголемите македонски ривали, МЗТ Скопје и КК Работнички од денес и официјално имаат ист спонзор.

Српската компанија „Мтел“ денес ја официјализираше соработката со МЗТ Скопје, а од претхдно оваа компанија е спонзор и на големиот ривал на „штрковите“:

„Потпишување спонзорски договор со компанија како МТЕЛ, која е дел од Телеком Србија групацијата, е уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат во делот на развојот на клубот и дека МЗТ Скопје веќе е препознатлив бренд не само во Македонија туку и пошироко во регионот. Верувам дека ќе ја оправдаме довербата и дека ова е само почеток на една подолгорочна соработка помеѓу субјекти кои се лидери во својата бранша. Помошта и тоа како ќе ни биде добредојдена, со оглед што и оваа сезона нашите амбиции се највисоки, односно атак на врвот во секое од натпреварувањата во кои ќе настапуваме“, изјави директорот на МЗТ, Ѓоревски.

Договорот за спонзорство е потпишан на една година, со што МТЕЛ станува ексклузивен телекомуникациски партнер на нашиот клуб во текот на натпреварувачката сезона 2023/2024.