Лула со став дека ОН престанале да функционираат бидејќи не успеале не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Газа

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска ги осуди ОН и другите мултилатерални институции, велејќи дека тие „престанале да функционираат“ и не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа.

Лула разговараше со новинарите по средбата со малезискиот премиер Анвар Ибрахим пред самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, каде што се очекува бразилскиот лидер да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кој може да го прифати геноцидот што толку долго се случува во Појасот Газа?“, рече Лула по билатералната средба насочена кон зајакнување на врските меѓу двете земји.

„Мултилатералните институции што беа создадени за да се обидат да спречат овие работи да се случат престанаа да функционираат. Денес, Советот за безбедност на ОН и ОН повеќе не функционираат“, рече Лула.