Луиз Инасио Лула да Силва победи во вториот круг од претседателските избори против Жаир Болсонаро, кој не успеа да го освои својот втор мандат. Левичарскиот кандидат Лула освои 50,83 отсто од гласовите, наспроти 49,17 отсто за десничарот Жаир Болсонаро, откако беа преброени нешто помалку од 99 отсто од гласовите, потврди Врховниот изборен суд во Бразил.
По објавувањето на резултатите Лула се обрати во неговиот штаб.
„Се обидоа да ме закопаат жив, но јас сум тука“, со ова тој го отвори својот победнички говор. „Ова е победа за демократското движење, над интересите на сите партии и идеологии“, додаде тој.
„Прво, сакам да му се заблагодарам на Бога. Овие избори ги спротивставија двете многу спротивставени визии на Бразил една против друга, а победникот е бразилскиот народ“ додаде тој.
„Бразилците сакаат книги наместо пиштоли, тие сакаат да живеат добро, да јадат добро, да имаат работа и пристап до образование. Бразилскиот народ сака повторно да има надеж. Така ја разбирам демократијата. Сакам да се борам против расизмот, сакам мир, демократија и достоинство за Бразил“, рече тој. „Нема два Бразила. Ние сме една нација“.
Лула рече дека негов најголем приоритет е уште еднаш да го искорени гладот. „Не треба да се прифати како нормално дека милиони мажи, жени и деца во Бразил немаат доволно храна. Ова ќе биде огромен предизвик и неопходно е да се обнови земјата од сите аспекти.