Лукровски: ВМРО-ДПМНЕ и јас имаме голема доверба во Карпош, карпошани ќе добијат многу нови проекти

Лукровски истакна дека Карпошани ќе ја препознаат новата визија и ќе ја поддржат на претстојните локални избори.

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош, во поткаст организиран на една од социјалните мрежи, говореше за неговата визија за Карпош, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Лукровски говореше за проблемите на граѓаните на општина Карпош, каде што истакна дека проблемите на Карпошани не соодвествуваат на 21 век.

„Направивме анкета пред два и пол месеци да ги терминираме проблемите со кои во главно се соочуваат Карпошани. Морам да кажам дека не соодвествуваат на нешто што е одлика 21 век’’, рече тој.

Лукровски истакна дека Карпошани ќе ја препознаат новата визија и ќе ја поддржат на претстојните локални избори.

„Конечно после 30 години многу блиску сме до состојба, да во Карпош оствариме нова корелација помеѓу локалната и централната власт, често имам чест да кажам дека имаме и Карпошанец премиер, што ми е особено драго. Така да, ќе имаме една добра синергија и јас сум човек кои вие добро ме познавате, што би рекол народски на глава ќе се „качам’’ додека не издејствувам нешто добро за нашите сограѓани’’, потенцираше тој.

Кандидатот за градоначалник Лукровски, даде еден осврт на работата на актуелните градоначалници на општините, кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и како што заклучи тој, тие одлично си ја вршат својата работа.

„Мене ме радува тоа што граѓаните препознаваат , морам да кажам дека граѓаните препознаваат работа, чесност, имаме 4 години локална власт, каде што во најголем дел градоначалници се од нашата партија, не видовме ниту еден скандал, го живеам денот со многу пријатели, мојата струка ми дозволува да се гледам со повеќе луѓе и овој тренд на доверба на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува’’, заклучи Лукровски.