Реал Мадрид ја победи Аталанта со 2:0, го освои Суперкупот на УЕФА, а Лука Модриќ стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во дресот на „кралскиот клуб“.
Модриќ на теренот на Националниот стадион во Варшава влезе во 77. минута, на местото на Родриго.
Хрватскиот репрезентативец дојде до својот 27. трофеј во дресот на Реал Мадрид. Претходно тој го делеше рекордот со Начо, кој во преодниот рок го напушти Реал и се пресели во Саудиска Арабија.
По синоќешната победа на Реал, Модриќ и Карвахал се рекордери со по пет освоени европски Суперкупови.