Лукашенко правел се за да ја запре војната во Украина

Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко денеска изјави дека „направил се за да ја запре војната во Украина“. Тој во интервју за агенцијата „Асошиејтед Прес“ вели дека не мислел оти руската воена операција во Украина „ќе отиде во оваа насока“.

„Не сум доволно задлабочен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, чувствувам дека оваа операција се одолговлечи“ – рече белорускиот претседател.

Според него, и Украина „ја провоцира Русија“, а Белорусија се залага за мир.

„Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме сè и сега правиме за да спречиме војна. Искрено благодарение на вас, на мене, почнаа преговорите меѓу Украина и Русија. Никому не се закануваме, нема да се закануваме и нема да го направиме тоа. Згора на тоа, не можеме да се закануваме, знаеме кој ни се спротивставува, така што да се започне некаков конфликт, некаква војна овде на Запад апсолутно не е во интерес на белоруската држава. Така што Западот може мирно да спие“ – рече Лукашенко.