Лукашенко назначи нов премиер на Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го назначи Александар Турчин за нов премиер, јави ДПА.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го назначи Александар Турчин за нов премиер, јави ДПА.

„Како што ветив, земјата ќе ја води нова генерација“ политичари, рече 70-годишниот претседател по разрешувањето на голем број министри во изминатите неколку дена.

Пред да биде назначен за премиер, 49-годишниот Турчин беше претседател на Регионалниот извршен комитет на Минск, а претходно беше и вицепремиер.

Поранешниот премиер Роман Головченко ќе раководи со Белоруската централна банка. Лукашенко рече дека ја исполнува желбата на Головченко банкарскиот сектор да има поголема улога во белоруската економија.

Лукашенко, кој ја извршува функцијата шеф на државата од 1994 година, доби 86 отсто од гласовите на претседателските избори во јануари според официјално објавените резултати. На изборите немаше независни набљудувачи.