Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја туркаат украинската Влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила таа иницијатива.
„Направив се за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Всушност, сакав да ги поставам моите граничари на 400 километри долгата граница и да и пружам останата помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да ја започнат оваа војна, нагласи Лукашенко.
Белорускиот лидер истакна дека Киев воведе санкции кон Белорусија уште пред тоа да го стори Западот. Тој изјави дека економиите на Русија и Белорусија се практично неразделни.
„Економски тоа е практично нераскинлив систем. Распадот на тој систем би предизвикал економска катастрофа“ – рече Лукашенко.
Претседателот на Белорусија вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да се стави крај на војната во Украина.