Лукашенко: Западот „чкрта со забите“ оти не успеа Минск да го оттргне од Русија

Александар Лукашенко – белорускиот претседател денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега „оди и чкрта со забите“.

„Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. „Тие сега одат и чкртаат со забите“ – рече Лукашенко во Минск на состанокот со гувернерот на областа Пенза во Русија, Олег Мелниченко.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија, за Русија да не може да ги заобиколи.