„СДСМ е за укинување на балансерот“, изјави пратеничката Сања Лукаревска во гостувањето на ТВ21.
Лукаревска посочи дека и во нивната програма имале одредба за укинување на балансерот.
„Балансерот мора да преставува систем на соодветно наградување, но со стриктно утврдени критериуми. Најдобрите и најквалитетните треба да бидат на пиедесталот, што значи мерит системот да дојде до израз. Мораме да оставиме Уставниот суд да донесе одлука, и ниту една политичка партија не смее да се меша во таа одлука“, рече Лукаревска која додаде дека не треба да се прави фама од балансерот и дека укинување на истиот нема да предизвика меѓуетнички тензии.