Лукаревска: Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите!

Директорката на УЈП – Сања Лукаревска вечерва на тв Телма информираше дека над 300 инспектори и контролори на УЈП во моментов се во сите придружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност.

„За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добиваме и соодветни други сознанија во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обврзник. Добиваме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните“ – нагласи Лукаревска.

Таа потенцираше дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава.