Луис Енрике седнува на клупата на ПСЖ

Поранешниот шпански селектор и екс-тренер на Барселона, Луис Енрике в среда ќе биде промовиран за нов тренер на Пари Сен Жермен, објавија доцна синоќа „Ле Паризиен“ и „Марка“ повикувајќи се на релевантни извори.

Иако ПСЖ ловеше други тренери, а Шпанецот беше „втора опција“, на крајот изборот за нов стратег падна на екс-шпанскиот селектор, кој начелно има договор со „светците“, но проблемот беше прво да се најде решение за сѐ уште актуелниот кормилар Кристоф Галтие, кој ланското лето дојде од Ница.

Како што објави „Ле Паризиен“, ПСЖ ќе му даде отказ на Галтие и шест милиони евра отштета за да се ослободи од него, а потоа да го потпише договорот и да го промовира Луис Енрике, кој ќе треба да гради нов тим.

ПСЖ веќе договори две засилувања, Марко Асенсио бесплатно од Реал Мадрид и Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.