Макс Ферстапен победи на патеката „Сузука“ за Големата награда на Јапонија и тоа по само 28 извозени од планираните 54 круга. Холандскиот возач освои 19 наместо планираните 25 поени за победникот и тоа е само затоа што беа изозени 50 отсто од круговите кои беа планирани.
Трката почна со задоцнување поради дождот, а прекината беше веќе во првиот круг. Откако се појави црвено знаме после излетување на Карлос Саинц, после кое дојде до хаотични сцени. Во еден момент кран се појави додека возачите и натаму беа на патеката, Гасли беше меѓу последните кои стигнаа до својот „бокс“, а поради слабата видливост за малку ќе удреше во кранот.
„Можев да умрам! Едвај го одминав. Зарем никој не се сеќава што се случи минатиот пат“, викаше лутиот Гасли.