
Лорис за отказот на Постекоглу: Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот
Поранешниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис го коментираше отказот на Анже Постекоглу како главен тренер на Тотенхем.
Поранешниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис го коментираше отказот на Анже Постекоглу како главен тренер на Тотенхем.
– Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот. Не знам што се случи внатре во клубот, па тешко ми е да судам. Ако ја донесоа оваа одлука, тоа значи дека мислат дека има друга опција која е подобра за иднината на клубот. Она што го направи Анже Постекоглу беше едноставно одлично, изјави Лорис.
Тотенхем го отпушти Постекоглу на почетокот на јуни, а Томас Франк го замени како главен тренер.
Гркот го водеше тимот од 2023 година. Минатата сезона, под негово водство, Спарс ја освоија Лигата на Европа и тоа беше нивни прв трофеј од 2008 година.
Британските медиуми пишуваа дека Постекоглу би можел да стане главен тренер на Ал-Ахли.