Лондон ја откажа прославата за Нова Година

Садик Кан – градоначалникот на Лондон објави дека ја откажуваат планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот сој на коронавирусот – омикрон

„Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го забавам ширењето на новиот вид и да се погрижам нашите здравствени служби да не бидат преоптоварени оваа зима. Ќе биде разочарувачки за многу граѓани на Лондон, но мора да преземеме добри мерки за да го намалиме ширењето на вирусот“ рече Кан.

Лондон го следи чекорот на Париз откако во саботата објавија дека ги откажуваат огнометите и концертите планирани на Елисејските полиња.

Според британските власти, во земјата има најмалку 14 лица заразени со сојот омикрон, а 129 лица се хоспитализирани.