
Неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш, објави британскиот весник „Дејли мејл“.
Според весникот, Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен.
Според предлогот, Велика Британија би и плаќала на Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, покрај инвестирањето во земјата и помагањето во нејзината безбедност од Русија.
Мигрантите потоа би имале можност да побараат азил во Македонија или да добијат работни визи за работа во сектори со недостиг на работна сила. Тие нема да бидат притворени и би имале можност да заминат кога сакаат.
Слични разговори, наведуваат британските медиуми, Лондон веќе водел и со Косово, додека дел од земјите во регионот, вклучително и Босна и Херцеговина, одбиле учество во ваков аранжман.
Преземено од Фокус