
Поранешниот лондонски полицаец Адам Прован денеска е осуден на 16 години затвор за силување на 16-годишно девојче и полицајка.
„Тој ја злоупотребил својата положба како полицаец за да ја добие довербата на двете жени. Неговите постапки се крајно жалосни. Сигурен сум дека јавноста ќе биде шокирана и огорчена од навредите на Прован како и ние овде“, рече помошник комесарката на полицијата во Лондон, Луиз Ролф, пренесе Ројтерс.
Двата случаи на силување се случиле додека Прован бил на служба.
Претходно оваа година, независен преглед покажа дека Метрополитен полиција е „институционално расистичка, мизогинистичка и хомофобична и неспособна да го контролира полицискиот персонал“.
Ревизијата беше побарана во 2021 година, откако друг полицаец беше осуден на доживотен затвор за силување и убиство на жена.