Локалните власти сѐ уште не се на високо ниво по нивната отчетност, покажа истражувањето на „Транспаренси Македонија“

Во текот на 2025 година, Транспаренси Интернешнл- Македонија спроведе пилот оцена на индексот на транспарентност на локалната самоуправа според методологија на Transparency International со цел да утврди колку општините се транспарентни пред граѓаните, како ги објавуваат информациите за работата на општината, колку се тие достапни до граѓаните и на кој начин граѓаните може да пристапат и до институциите, но и до користењето на услугите кои ги овозможува општината. Беа оценувани врз основа на прашалник составен од 91 прашање кои опфаќа повеќе области од работата на општините.

Како примерок беше земена најголемата општина по број на жители во секој од планските региони и тоа општините: Аеродром, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.

Овој индекс е збир од позитивни бодови добиени од индикатори кои вклучуваат анализа на веб-страници, документи, одговори на барања за слободен пристап до информации и директен увид во функционирањето на администрацијата, т.е. центрите за услуги, како и податоци добиени од други органи.

Наодите укажуваат на тоа дека локалните власти сѐ уште не се на високо ниво по нивната транспарентност и отчетност и се потребни дополнителни напори за да се обезбедат навремени податоци за нивното функционирање и за услугите кои им ги нудат на граѓаните.

Највисоко оценета општина е општина Битола со 67 бодови, потоа следува општина Велес со 60, општина Штип со 55, општина Струмица со 54, општина Куманово е оценета со 51 бод, општина Аеродром со 49, општина Тетово со 43 бодови и најслабо оценета е општина Охрид со 39 бодови. Просечна оцена изнесува 52.

Голем број на информации недостасуваат на веб-страниците на општините за да се создаде јасна слика колку се придонесува кон регионалниот развој и колку од средствата што се наменети за финансирање на општините се правилно менаџирани и наменети за активности кои позитивно влијаат врз животот на граѓаните.